Леброн Џејмс повторно ја покажа својата сила на 38 години. Тој го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до голем пресврт и победа против Портланд на гости 121-112. „Езерџиите“, на полувремето имаа минус – 25 (46-71), но на крајот сепак славеа. „Кралот“, Џејмс стигна до 37 поени и 11 скока, а со 31 поен и 14 скока одличен беше и Брајант. Кај Портланд, Симонс постигна 31, а Лилард 24 поени.

Денвер Нагетс без Никола Јокиќ, кој повторно отсуствуваше поради повреда на тетивата, забележа пораз од Оклахома на домашен терен со 101-99. Со ова беше прекината серијата од девет победи на тимот од Колорадо, но и покрај тоа и понатаму е лидер на Западот во НБА.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Торонто – Њујорк 125-116, Феникс – Мемфис 112-110, Голден Стејт – Бруклин 116-120.

Прикажи повеќе