Денвер Hагетс со 128:108 ја „разбија“ Аталанта Xоукс во меч во кој Никола Јокиќ третпат еднопорго имаше трипл-дабл откако за 34 минути постигна 14 поени, 18 скока и 10 асистенции. И покрај ваквиот учинок на МВП на лигата, тој не беше наефикасен во тимот на Нагетс, каде што Џамал Мареј постигна 41 поен. Денвер остануваат лидери на Западот со 37-16, додека Аталанта е на осмото место на Истокот со 27-27.

Во Њу Орлеанс пак, Леброн Џејмс дојде на само 36 поени од рекордот на НБА лигата по бројот на поени, но не успеа да помогне Лејкерси да не претрпат уште еден пораз, овојпат со 131:126 од Пеликанс. Џејмс имааше 27 поени, 9 скока и 6 асистенции, за да се доближи на рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во НБА лигата.

Голден Стејт вориорс стигнаа до 119:113 победа над Далас Mаверикс, но го загубија Стеф Кари, кој во третата четвртина беше повлечен од игра по очигледна повреда на коленото./Makfax/

РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Вашингтон 125:123

Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 131:126

Детроит – Финикс 110:116

Њујорк – ЛА клиперс 128:134

Чикаго – Портланд 129:121

Милвоки – Мајами 123:115

Оклахома Сити – Хјустон 153:121

Голден Стејт – Далас 119:113

Денвер – Аталанта 128:108