Лос Анџелес Лејкерс очигледно се еден од најслабите тимови во НБА-лигата сезонава иако имаа ѕвезден состав со Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук.

Денвер ги совлада Лејкерс со 110-99 за четврти пораз на исто толку натпревари на стартот од сезоната. Леброн Џејмс за прв пат ја почнува сезоната со четири порази по неговата дебитатска сезона 2003/2004.

Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 31 поен и 13 скока, а му недостигаше уште еден скок за трипл-дабл. Ентони Дејвис кај Лејкерс имаше 22 поени и 14 скока, додека Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 19 поени. Расел Вестрбук не играше поради повреда./Sport1/

Прикажи повеќе