Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 23:29 во третото коло од квалификациите за ЕП 2024. Попушти концентрцијата на подмладениот тим на Кире Лазаров во моментите кога се решаваше мечот. Тој додаде дека е најважно Македонија на крајот да се пласира на Европско првенство.

„Најважно е да се пласираме на ЕП, против селекциите на Турција и Луксембург сме фаворити, но не е лесно во денешно време да се добие било кој меч. Сепак, сега мислиме само на реваншот со Португалија“, вели Лазаров.

Селекторот смета дека Македонија не заслужи пораз изразен со шест гола разлика.

„Португалија беше фаворит пред мечот, но мислам дека незаслужено загубивме со шест разлика, со оглед дека во еден момент имавме и водство. Ни недостасуваше фокус и концентрација, но тоа се стекнува само со одигрување на вакви натпревари со силни ривали. Тие доминираа и физички, изгубивме многу дуели на пивотмен. Се надевам дека со текот на времето ќе биде сѐ подоби“, посочи Кире Лазаров./Makfax/

Прикажи повеќе