Претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, на вториот ден од посетата на Косово оствари средби со опозициските партии. Претседателот на Демократите, Мемли Красниќи, му рекол дека е резервиран околу договорот за нормализација на односите со Србија. Нагласил дека на него гледа само како на привремен договор кој не е фокусиран на заемното признавање меѓу двете земји, туку фокусиран на формирањето на заедницата на општини со српско мнозинство. Од другата опозициска партија, Алијансата за иднината на Косово, го повторија ставот за поддршка на европскиот план.

Без меѓусебно признавање ќе го продолжиме дијалогот, како што е предвидено во член 6 од договорот. Затоа ќе има бескрајно продолжување на овој процес кој ќе трае којзнае колку долго, создава нов статус-кво кој не го прекинува замрзнатиот конфликт со Србија.

Го повторивме ставот на Алијанса дека има сериозни достигнувања во овој документ. Ние разбираме дека тоа не е де-јуре признавање на Косово, но разбираме дека договорот содржи елементи кои создаваат сосема нови односи на Балканот, особено меѓу Косово и Србија, создаваат околности што го ставаат Косово во сосема поинаква ситуација.

Прикажи повеќе