Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва (18 ч.) ја очекува најважниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП, против селекцијата на Турција. Влогот за нашите одбојкари е пласман на Европското првенство.
На двата квалификациски турнири кои се играат во Скопје, Македонија има скор од две победи над БиХ и пораз од Турција, додека фаворитот во нашата група има максимален ефект. Првата пресметка заврши со триумф од 3:1 за Турција, но одбојкарите најавуваат поинаков далеку подобра игра вечерва.

– Не смееме да им дозволиме да им подаруваме поени, да ги сведеме нашите грешки на минимум и се надевам дека ќе биде позитивен резултат за нас. Сигурно не е дека немаме квалитет,мислам дека ние сме 10-15 години заедно во репрезентацијата, и таа сплотеност и хемија е нашиот плус и тоа што не одвојува од останатите. Немаме клупа, немаме екстра квалитет на секоја позиција но имаме срце – вели Александар Љафтов.

Одбојкарите можат да обезбедат пласман на ЕП и во случај на пораз бидејќи на континенталниот собир освен победниците во групите, на ЕП ќе играат и пет најдобро второпласирани репрезентации.