Реал Мадрид е поразен на гостувањето кај Мајорка со 1:0 во натпреварот од 20. коло на шпанскиот шампионат. Натпреварот го реши автоголот на Начо Фернандез во 13. минута. Реал сега има осум бода помалку од лидерот Барселона.

Голот на Реал против Мајорка го бранеше Украинецот Андреј Лунин. Првиот голман Тибо Куртоа се повреди, па тој во последен момент беше повлечен од стартниот состав.

Шпанските медиуми објавија дека Куртоа го повредил адуктор. Поради тоа, 30. годишниот Белгиец би требало да го пропушти Светското клупско првенство каде Реал оваа недела игра како европски првак, а под знак прашалник е и за првиот натпревар со Ливерпул во нокаут фазата од Лигата на шампионите, кој ќе се игра на „Енфилд“ на 21 февруари.

Прикажи повеќе