Денеска ќе се одиграат четвртфиналните срдеби од Купот на Македонија, додека дербите се игра во Чаир. Ждрепката сакаше уште во оваа фаза да се сретнат фаворитите за пехарот, Шкупи или Шкендија, една од овие две екипи ќе отпадне.

„Верувам во нашиот тим, верувам во нашиот квалитет, играме пред своите фанови и очекувам победа и пласман во полуфиналето. Шкендија е квалитетен тим, тука нема никакви дилеми, но верувам дека ќе одиграме најдобро што можеме и дека ќе одиме во следната фаза во Купот“ потенцираше Вахиди, офанзивецот на Шкупи.

Шкендија денеска не ќе може да смета на тројца свои играчи, Бејтулаи, Дита и Билали. Сепак Шкендија има квалитет на Чаир да дојде до победа.

„Не е тајна дека ова е дерби, големо дерби. Мотиви кај нас има до небо што се вели, имаме квалитет и сакаме победа, сакаме пласман во полуфиналето во Купот на Македонија. Порака до нашите фанови е да бидат трпеливи, да ја дадат поддршката и од дома, а ние ќе дадеме се од себе да победиме и да ги израдуваме“ посочи Костадин Захов, голманот на Шкендија.

Во Струга истоимениот тим ја дочекува Брегалница која од завчера веќе не ја води Илчо Ѓорѓиоски. Во Кратово се среќаваат Силекс и Вардар, додека во Ѓорче, гостува Академија Пандев.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

СИЛЕКС – ВАРДАР

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ