Кристијано Роналдо најверојатно на зима ја заврши својата епизода во Манчестер Јунајтед. Португалецот во јануари ќе мора да си најде нов клуб, а на тоа напорно работи неговиот агент Жорге Мендеш.

Роналдо му беше понуден на Наполи, но засега нема конкретни преговори на таа тема.
Во меѓувреме, Мендеш се обидува да го испрати својот клиент во Интер. „Нероаѕурите“ со една нога веќе се во нокаут фазата од Лигата на шампионите. За нешто повеќе им треба човек кој многу добро знае да го освои трофејот и тука би можеле да имаат голема коруст од Португалецот.

Роналдо би имал голем предизвик пред него и она што всушност го сака кога ќе го напушти Јунајтед – да игра во Лигата на шампионите. Од друга страна, и Милано секако е привлечен град за неговото семејство./makfudbal.mk/

Прикажи повеќе