Криси Тајген, поранешниот модел и авторка на неколку книги за готвење, е позната по тоа што нема проблем да зборува за многу работи за кои повеќето би премолчеле и едноставно важи за една од ѕвездите на Холивуд која нема „влакна на јазикот“.

Сопругата на Џон Леџенд, која имала прилика да ја запознае војвотката од Сасекс, Меган Маркл, во шоуто „Deal or No Deal“, застана на нејзина страна, а ја бранеше и кога гостуваше во емисијата „Watch What Happens Live“.

Таа раскажа дека Меган ја контактирала за да ѝ изрази поддршка за загубата на бебето во септември минатата година.

Таа ми пиша откако го изгубивме нашиот Џек. Таа е навистина прекрасна и толку слатка, баш онаква каква што сите велат дека е. Боже, зошто луѓето мораат да измислуваат дека е злобна и луда личност, кога всушност станува збор за некој толку драг“, тогаш изјави Криси.

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL

35-годишната Тајген додаде и дека разговарала со Маркл по интервјуто со Опра Винфри кое се емитуваше минатиот месец.

„Мислам дека беше многу искрена и отворена. Таа беше реална од самиот почеток“, изјави Криси, која во неколку наврати јавно застана на страната на Меган.

Минатиот месец Тајген се огласи на социјалните мрежи и кога Маркл беше обвинета за малтретирање на вработени во палатата додека била „официјален“ член на кралското семејство.

Нешто помалку од два месеци по спонтаниот абортус на Криси, Меган за „New York Times“ прозборе за страшната болка што ја доживеала откако го изгубила своето бебе.

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL

Криси тогаш ја бранеше со објави на социјалните мрежи, а истото го направи и пред интервјуто на Меган и Хари со Опра.

Инаку, Криси Тајген со познатиот музичар и продуцент Џон Леџенд имаат две деца Луна и Мајлс, а минатата есен поради компликации во текот на бременоста Криси го загуби своето бебе, за што зборуваше многу отворено во јавноста.