Реал Мадрид договори четиригодишна соработка со дефанзивецот на Баерн Минхен.

Веста доаѓа од три извори, мадридските весници „АС“ и „Марка“ кои се блиски до Реал Мадрид како и италијанскиот новинар Фабрицио Романи кој ретко грешки кога станува збор за трансферите.

На Алаба договорот му истекува на крајот од актуелната сезона, а од вчера можеше слободно да преговара со заинтересираните екипи и денеска експресно се договори кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Начелно е договорено Алаба да потпише четиригодишен договор со кој ќе заработува по 10 милиони евра годишно.

Австрискиот репрезентативец ги одби понудите за нов договор со Баерн Минхен каде игра повеќе од една деценија. Баварците се чувствуваат измамено од Алаба кои им бараше премногу пари, прво 25 милиони евра, а потоа и 20 милиони евра годишно и тоа само за да ги оддолжи преговорите за да може да преговара со заинтересираните екипи, а од Реал Мадрид ќе добие двојно помалку пари.

Покрај Реал Мадрид, сериозен интерес за Давид Алаба пројавија и Барселона, Јувентус како и англиските Манчестер јунајтед и Манчестер сити.