САД ја надминаа бројката од 700 000 лица кои од почетокот на пандемијата починаа од последици на ковид-19, соопшти вчера Универзитетот Џон Хопкинс, посочувајќи дека е тоа еквивалент на населението во главниот град Вашингтон.

Advertisements

Медиумите јавуваат дека овој црн биланс потсетува дека се уште секој ден стотици Американци умираат од коронавирус, и покрај кампањата за вакцинација.

Според официјалните бројки, САД се најтешко погодената земја во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус, пред Бразил и Индија. САД, исто така, имаат најмногу заразени во светот.

Невакцинираните лица сè уште се најпогодени од оваа болест, бидејќи ги има многу во земјата. Кампањата за вакцинација, која почна во декември и својот врв го достигна во април, со понекогаш четири милиони вакцинации на ден, сега е нагло забавена.

Прикажи повеќе