Пораката на претседателот на Франција Емануел Макрон е многу јасна, тој уште еднаш ја искажа својата силна и недвосмислена поддршка дека сега е моментот Северна Македонија да ги донесе потребните одлуки, со кои ќе се обезбеди европска интеграција и европска иднина на нашата држава, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за телевизијата Канал 5, по денешната средба во Братислава со претседателот на Франција, Емануел Макрон. на маргините на Глобалниот безбедносен форум Глобсек 2023.

На средбата се разговарало и за процесот на уставни измени, што, како што рече Ковачевски, кај нас е отпочнат. Потсети дека предлогот за иницијативата веќе е направен и испратен до Минситерството за правда, а идната недела ќе биде доставен до Владата, која подоцна ќе го испрати до Собранието за да отпочне процедурата.

Претседателот Макрон, исто како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласи премиерот, кажаа дека сега е моментот да се донесат потребните одлуки, кои обезбедуваат непречено интегрирање на Северна Македонија понатамошно во ЕУ, бидејќи сега, посочи, треба да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување на ЕУ со нови земји членки, а тука пред се се мисли на нас, на Албанија и на земјите од Западен Балкан.

На прашањето дали на таа тема има разговарано со претседателот Макрон, Ковачевски рече дека конкретно немаат разговарано, но и Макрон и Европската комисија, како што рече, ги знаат нашите позиции дека ние сме држава која сите прашања во минатото успеала да ги реши со помош на дипломатијата.

Ние сме пример, ако го погледнете извештајот на ОН, каде што, потенцира Ковачевски, политичкиот и дипломатскиот пристап на Северна Македонија во решавањето на проблемите како внатре, преку Охридксиот рамковен договор, така и со соседите, практично се пример за успех како од држава што беше корисник на мировни мисии пред 30 години, денес сме држава фактор на стабилност, земја што е членка на НАТО, претседава со ОБСЕ и држава што веќе има почнато преговори со ЕУ.

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на американскиот сенатор Крис Марфи дека доколку не се случат уставните измени би можеле да се нарушат односите со САД, премиерот Ковачевски одговори дека сенаторот Марфи којшто е еден од сенаторите во американскиот сенат кој е вклучен во надворешната политика на САД, имаше многу јасна порака која, рече, ако ја погледнете таа не се разликува ниту од пораките на германскиот канцелар, ниту од пораката на државниот секретар Блинкен, ниту од пораките на амбасадорите што се во нашата држава, вклучително и амерканската амбасадорка, дека сега е време Северна Македонија да ги носи одлуките за продолжување на преговорите со ЕУ и зачленување во ЕУ.

– Апсолутно дека и во САД, меѓутоа и во НАТО и во нашите партнерски држави во ЕУ постои мислење дека во нашата држава сега е моментот кога треба да го направиме исчекорот. Да покажеме сите заедно дека сме партнер и на САД и на ЕУ и на НАТО. И дека оваа Влада тоа го застапува, исто како и нашите граѓани. Нашите граѓани секогаш биле на вистинската страна на историјата, дека ние се застапуваме за демократските вредности и интеграција на државата во ЕУ. Пораката беше многу јасна дека оние кои се против таква политика, дека практично нема да наидат на поддршка кај политичарите, кај дипломатите во државите од нашите стратешки партнери, рече  Ковачевски за Канал 5.

Во однос на пораката од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, премиерот Ковачевски истакна дека амбасадорот Коп секогаш  има конкретни и силни изјави, но, подвлече, тој во интервјуто кажа и деа сега е моментот Северна Македонија да ги донесе одлуките за европските интеграции, дека не постои начин и подобар предлог од оној што е донставен од 27-те членки на ЕУ, што директно заедно, како и другите државници кои доаѓаа и странски претставници и амбасадори во државата, директно го демантираат тоа што го кажува опозицијата дека тие ќе преговарале подобар договор односно подобра преговарачка рамка. Исто така, наведе премиерот, холандскиот амбасадор беше многу конкретен и за работата на одредн инситуции во нашата држава, а кои се задолжени токму за владеењето на правото и борбата со корупцијата. Додаде дека тој посочил оти финансиските средства што холандската Влада ги издвоила од своите даночни обврзници за реформи во нашиот независен правосуден систем и точно се обрати до инсистуции што се корисници на тие финансиски средства, а не се во надлежност на Владата, дека треба да го унапредат своето работење. Тоа, рече, не се разликува од тоа што јас досега сум го кажувал, а тоа е дека мора да направиме систем во правосудниот дел што ќе биде транспарентен.

– Владата веќе има подготвено, но и во Парламентот дел од зкаонските решенија се веќе изгласани во длеот на кривичниот зкаоник, меѓутоа има и голем дел на решенија што се подготвени и се блокриани од опозицијата само заради блокада, изјави меѓу другото премиерот Ковачевски.

Изборот пред нашата земја и партиите е интеграција во ЕУ или изолација, а ние тоа го видовме во периодот од 2006 до 2016 година, тоа ќе се случи доколку не успеат уставните измени, рече во интервју за Канал 5 Телевизија, премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

– Доколку не успеат уставните измени за коишто тие (ВМРО-ДПМНЕ) се залагаат, ние ја гледавме таа ситуација од 2006 до 2016 година, тоа е изолација. Тука не треба да сте некој кој што ќе треба да измисли нешто за да знаете постигнавте. Што после тоа ние го видовме од 2006 до 2016 година кога државата ниту еден милиметар не напредуваше во своите евроатлантски интеграции, кога државата беше изолирана, кога државата беше оквалификувана како заробена држава, кога според слободата на медиумите бевме 130 во светот а сега сме 38- ми во светот, кога владеењето на правото беше тотално нарушено. Кога ако ги погледнете рангирањата и на Енономист и на Фридом хаус и на сите други релевантни меѓународни институции бевме да дното, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ рече дека поканата за средба со Христијан Мицкоски е веќе доставена до ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, поканата веќе од мојот кабинет е доставена до ВМРО-ДПМНЕ, до претседателот. Таа средба ќе биде одржана во текот на наредните денови на која ќе разговараме како што кажав за две клучни теми. Првата е одлуките коишто треба да бидат донесени со цел продолжување на евроинтеграциите на нашата држава, односно да обезбедиме глас за Европска Македонија и второ за односите со соседите и за пристапот кој треба да го имаме како држава во однос на градење на добрососедски односи со сите наши соседни држави, рече Ковачевски.