Очајнички потег на ВМРО-ДПМНЕ – вака премиерот Димитар Ковачевски ги оцени обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за аферата Броило.

Ќе бара извинување, а за евентуална тужба ќе се консултира со неговиот адвокатски тим.

-Сметам дека она што најмалку може да го направи ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател бидејќи тој е нарачател на овие работи, бидејќи е фатен во корупциски скандал од 136 милиони евра и во други корупциски скандали претходно за кои се откажуваше од своите пријатели и другари со кои веројатно имал некакви активности е прво да се извини и да не ги тера пратеници како на пример вчерашниот пратеник (Миле Лефков н.з.) кој што излезе да изнесува невистини квалификации и конструкции со оглед на тоа што јас од нив првин ќе побарам извинување, а потоа се она што следува врз основа на законските регулативи во државава,  изјави денеска Ковачевски.

Прашан од новинарите дали тоа значи дека ќе поднесе кривична пријава, премиерот кусо одговори дека „тоа ќе го кажат адвокатите“.