Претседателот на Меѓународната атлетска федерација Себастијан Коу рече дека тестирањата за допинг се подобрени и предупреди оти на Олимписките игри во Токио ќе биде откриен секој случај на недозволено користење стимулативни средства.

-Доколку има такви, кои ќе мамат, големи се шансите тие да бидат откриени на ОИ во Токио, многу поголеми отколку на сите претходни олимпијади, Никој нема да биде заштитен, без оглед колку е угледен во светот на атлетиката“, изјави Коу.

Тој, особено, ја нагласи важноста на Одборот за заштита на интегритетот на атлетиката, чија главна цел од формирањето во 2017 година е борбата против допингот.

-Одборот направи многу работи изминатите години и ја стекна довербата на јавноста дека без страв ќе се бори против сите, кои ќе се обидат да мамат“, потенцираше Коу.  (МИА)