Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски присуствуваше на приредбата по повод Денот на учителот и албанското образование која се одржа во училиштето Петар Здравковски Пенко.
-Денес во ООУ “Петар Здравковски Пенко” присуствував на приредба по повод “7 Март ден на учителите и албанското образование ” Одлична дружба со учениците, персоналот и директорката Мевљуде Елези Круезију, ова мултиетничко општинско училиште е пример за тоа како треба да се почитуваат различностите.Голема благодарност за уметничката слика која ја добив како подарок од страна на ученичка од ова училиште, порача Костовски преку социјалните мрежи.