„Ги почитувам барањата на вработените во Министерството за култура и стојам на тоа дека цела јавна администрација мора да добие покачување, но тоа да биде направено системски“ изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во вестите на Сител.

Таа додаде дека извесен период фали систем за плати во јавната адмиинстрација, поради што Министерството за култура секојдневно се соочува со индивидуални тужби.

„Се покачувале плати по телефон, поради што е направена дисторзија во системот за плати. Јас ги поддржувам вработените, бидејќи тие се тие што го носат товарот на културните установи“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката смета дека поради економската криза, целата јавна администрација треба да добие покачување, но тоа да биде со изграден систем за да не се дозволи упад во системот за плати поради политички причини.