Дрита Красниќи му донесе медал од Олимписките игри на Косово откако во категоријата до 48 килограми во џудо, во финалето ја победи домашната натпреварувачка Фуна Тонаки. Ова е втор златен медал за Косово на Олимписките игри во историјата. Првиот го освои во 2016-та година кога Мајлинда Кељменди исто така  во џудо во категорија до 52 килограми победи на Олимпијадата.