Аргентина, Бразил, Уругвај од Јужна Америка и Англија, Шпанија, Франција и Италија од Европа ја освоија светската титула.

Уругвај двапати беше светски шампион, во 1930 и 1950 година, а денес ФИФА буквално го шокираше фудбалот во таа јужноамериканска земја.

Имено, Уругвај носи четири sвезди на својот грб, но во иднина ќе му биде дозволено да носи двојно помалку бидејќи Олимписките игри од 1924 и 1928 година не се сметаат за Светски првенства.

Уругвајците беа олимписки победници во 1924 и 1928 година и затоа носеа четири sвезди на грбот и веруваат дека Игрите тогаш беа како Светското првенство бидејќи ФИФА не постоеше како организација во тоа време.

„Уругвај ќе користи аргументи за да ја „поништи“ одлуката на ФИФА. Сега се занимаваме со логистика и модификации на дресовите за квалификациите“, изјави директорот на уругвајскиот фудбалски сојуз, Хорхе Касалес.

Во случај Уругвај да е во право, тоа ќе предизвика домино ефект бидејќи Велика Британија беше победник на Олимписките игри во 1908 и 1912 година.

Белгија, која освои злато како домаќин на Олимписките игри во Антверпен во 1920 година, исто така, ќе има корист.