Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини пред неколку дена го прецрта својот капитен Папу Гомез кој уште во јануари може да си замине од италијанскиот тим.

Најубавата фудбалска приказна завршува на тажен начин!?

Самиот фудбалер на социјалните мрежи призна дека е во кавга со тренерот, но не сакаше да ја открива причината и најави дека вистината ќе се дознае кога ќе ги замине од клубот.

Но, италијанските новинари успеаја да дознаат што се случувало во соблекувалната за време и по натпреварот против Митјилијанд во Лигата на шампионите.

„За време на натпреварот против Митјиланд, Гасперини бараше од Папу Гомез да не игра на позицијата на централен играч во средниот ред, туку да се премести на десно крило. Гомез неколку пати негативно одговори на барањето на тренерот и одби да го послуша по што за малку ќе дојдеше до физичка пресметка во соблекувалната на полувремето“, пренесува Скај Спортс.