Љубителите на фудбалот останаа во шок за време на третиот натпревар на ова Европско првенство.

Моментот кога Кристијан Ериксен само се сруши на тревникот долго ќе остане во сеќавањето на сите кои го следеа мечот Данска – Финска во првото коло од групата Б на Европското првенство .

Играчот за врска на Интер се сруши на теренот поради срцев удар и предизвика неверување во целиот (фудбалски) свет. Му помагаше данскиот капитен Симон Кјаер, кој најпрво го врати јазикот за да не се задуши, го постави на негова страна, а потоа создаде ѕид со соиграчите, за фоторепортерите и снимателите да не можат да видат што се случува.

“Здраво на сите, ви благодарам многу за прекрасните и одлични поздрави и пораки ширум светот. Тоа значи многу за мене и за моето семејство. Добро сум со оглед на околностите. Сè уште треба да направам тестови во болницата, но Се чувствувам добро. Сега ќе навивам за репрезентацијата на следните натпревари. Играј за цела Данска! Се најдобро “, изјави Ериксен на Инстаграм.

Данска игра со Белгија во второто коло од групата Б во Копенхаген.