Откако „падна“ договор помеѓу Заев и Гаши за влез на Алтернатива во Влада, се очекува Беким Сали, кој беше кандидат за градоначалник на Чаир на локалните избори, да биде назначен за министер за здравство, според договорот. Кој е всушност Беким Сали. Според информациите кои ги објави Фокус, тој во 2008-ма година бил шеф на кабинет на Бујар Османи, кој тогаш бил министер за здравство. По професија е стоматолог и има своја ординација. Во политиката влегол пред шест години, а во моментов е генерален секретар на Алтернатива. Има приватен бизнис со текстил..Оженет и татко на три девојчиња.

За време на локалните избори, Сали влезе во трка за градоначалник на скопската општина Чаир, како заеднички кандидат на Алтернатива и Алијанса за Албанците на Зијадин Села, меѓутоа загуби од актуелниот градоначалник на ДУИ Висар Ганиу.

Тоа што е уште помалку познато, како што објави Фокус е дека Сали кус период во 2008 година бил шеф на кабинет на тогашниот министер за здравство Бујар Османи од ДУИ, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа коалициони партнери.