Лионел Меси трае повеќе од 15 години. Неговата успешна кариера е долга, а за тоа време стана идол на многумина. И, се уште е. Но, има и такви кои сега се негови соиграчи. Интересна е приказната за 17-годишниот Илаикс Мориба. Кога прв пат Меси ја освои Ла Лига тој имал само две години, а тоа било 2005-та година. Со седум години се приклучил на Ла Масија, а во тоа време ја направил првата фотографија со Меси, односно кога телефоните со камера биле луксуз.

Десетина години подоцна, Мориба дочека да заигра заедно со еден од најдобрите во светот на сите времиња.

Мориба игра стандардно за Б тимот на Барса, а по потреба се префрлува во првиот тим. Така беше и на последниот меч со Севиља, каде Мориба влезе во 71-та минута и веднаш беа забележани неговите перформанси.