Сите услови што Христијан Мицкоски ги постави за ДПМНЕ да поддржи уставни измени, се исполнети. Денеска и официјално министрите од редовите на ДУИ ќе поднесат оставки кои ќе се ефектуираат откако ќе бидат усвоени уставните измени, вели Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ.

Како што вели тој, со тоа се исполнува условот на Мицкоски, за учество во Влада без ДУИ, а предвремени избори можат да се одржат веднаш откако измените на Уставот бидат изгласани.
На прес конференцијата, тој порача:
Уставните измени се јавно достапни за сите и за нивната содржина никој не е против, вклучително и Мицкоски и ДПМНЕ.
Со измените на Уставот се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, но истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ и се става крај на тезата „еден народ две држави“ кои со децении ја промовираат одредени туѓи центри.
Мицкоски има шанса макар еднаш да се престрои на страна на државните и национални интереси.
Напредокот во евроинтеграциите, ставаат и крај на праксата за вадење пасоши од туѓи држави членки на ЕУ од страна на македонските граѓани.
Ако навистина се грижат за интересите на државата тогаш Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка на измените на Уставот.
Во спротивно ќе покажат дека се за изолација и дека можеби одработуваат за туѓи интереси, спротивни на државните и националните интереси.