„Вчера градинка од општина Аеродром организираше настан во парк, каде што деца од пет години носеа беџови со мртовечка глава и слушаа песна за Тодор Александров и скандираа ‘Смрт или слобода’. Внесувањето политика во училиштата и градинките за мене е несфатлива работа“ рече пратникот Ненад Коциќ од СДСМ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој кажа дека управниот одбор на градинката донел одлука ваквиот настан да не се одржи, но тоа сепак се спровело.

„На деца од пет години да им се ставаат беџови со мртовечка глава, освен што е политизирање на деца е и поттикнување на насилство. Ако управниот одбор донел одлука да не се спроведува таа активност, а таа се одржала, тогаш тоа е класична злоупотреба на децата.
Политизирање на децата и стимулирање на насилство е неприфатливо“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ истакна дека очигледно ВМРО-ДПМНЕ застанало во времето на Никола Груевски и ја покажуваат истата, непроменета матрица.