Министерството за одбрана на Киргистан ги откажа претстојните командно-штабни вежби на Организацијата на Договорот за колективна безбедност „Нераскинливо братство – 2022“ на територијата на земјата, објави киргистанската новинска агенција 24.кг.

Причините за одлуката не се соопштуваат.

Како што наведува агенцијата, маневрите требаше да се одржат во периодот од 10. до 14 октомври во базата Еделвајс.

На нив требаше да учествуваат мировни сили од Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан.

Маневрите „Нераскинливо братство“ се одржуваат од 2012 година.

Прикажи повеќе