Ждрепката за нокаут-фазата во Лигата на шампионите донесе неколку интересни парови. Посебно се издвојува натпреварот помеѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен. Предизвик кој буди важни спомени по финалето во 2020 година, кое го освоија германците, и натпреварот во 2021 година, кој го добија парижаните. Оној кој беше протагонист, особено во финалето, беше Кингсли Коман, херојот на мечот пред две години. Французинот за официјалните баварски канали зборуваше за ждрепката и двојната пресметка во 1/8 фаза.

„Може да се смета за финале. Но, тоа е во ред, мораме да го прифатиме како што доаѓа. Се соочуваме со многу тежок противник со исклучителна индивидуалност. Во финалето во 2020 година победивме, во 2021 година тесно загубивме во четврт-финалето, па сега повторно ни е редот“, изјави ѕвездата на Баерн.

Сигурно е дека конфронтацијата на двата големи клуба во Европа е дефинитивно прерано финале…

Прикажи повеќе