Во рударско окно во Кина 1.200 метри под земја заробен останал 21 рудар, по вчерашните поплави.

Рударите останале заробени на три позиции во рудникот. Државната новинаска агенција известила дека спасени се осум лица.

-Подземниот терен е сложен и го отежнување спасувањето, изјавил Ма Ксин, директор на локалниот центар за управување во вонредни ситуации.

Спасувачките тимови се обидуваат да стапат во комуникација со заробените рудари.