Пишува Ким Мехмети

Ние Албанците последни ќе сфатиме дека во овие простори завршиле двете светски војни, но не и балканските, а кои се одвиваат и дене денес. Ние последни ќе сфатиме и дека веќе одамна почнала „Третата балканска војна”, и дека таа се одвива час со оружје, како што беше случајот при распадот на бивша Југославија, час со други невидливи средства.

На овој Балкан никогаш не престанале е и некои битки од времето на Отоманската империја, посебно тие што Србија ги изгубила, како на пример, Косовската битка, битка којашто српските кругови не можат да ја прежалат и затоа ја продолжуваат и ден денес, борејќи се против сите верници муслимани од овие простори, а кои, според црковната држава Србија, се потомци на Османлиите.

Ние Албанците последни ќе сфатиме и дека Македонија е „Казабланка” на Балканот, а каде што се в крстосуваат интересите на многумина и каде што, „Третата балканска војна” е најжестока. Исто така, ние последни ќе дознаеме дека Србија, како нејзин „поголем брат”, никогаш нема да ја „даде” Македонија и заради тоа, таа да ги ставила под контрола скоро сите институции на оваа држава, не исклучувајќи ги медиумите и некои политички партии.

И како што се очекува од задоцнетите „војници” во „Третата балканска војна”, ние Албанците не гледаме дека е дојдено времето кога треба да се биде што по мирољубиви, но обновувајќи ги пријателствата што ги наследивме од нашите препородци и револуционери, како што е пријателството кон хрватскиот и кон бугарскиот народ.

Да, според многу показатели, балканските војни никогаш не завршиле, и оружјето е замолчано и е покриено со политички јорган само за да им се даде време на војските да се престројат и да се пребројат. Политички јорган накитен со разни лажни „миротворни” проекти, налик на денешниот за „Отворен Балкан”, а со кој Србија обзнанува дека ќе стори се за Македонија и Албанија да останат под нејзиното влијание.

Како и да е треба да се признае дека не само Македонија, туку денешна Србија, по многу нешта, ја одлучува судбината и на Црна Гора, Босна и Косово, кои држави може да ги дестабилизира кога ќе посака и тоа, првата преку црквата, втората преку Република српска, е Косово преку нејзиниот север. Од тука и заклучокот дека за разлика од останатите овдешни држави, Србија, која секојдневно се вооружува, нај озбилно ја сфатила „Третата балканска војна”, и целосно е посветена неа да ја добие.
Kим Мехмети