Пишува Ким Мехмети

Новинарите ме преценуваат и, чиниш знам, ме прашуваат дали вечерва ќе падне владата?

А кој би го знаел тоа кога овдешните партии се како трговски компании, кои се богат продавајќи лажен патриотизам, партии кои не ги зближува меѓу себе никаква идеологија, ниту пак државни или народни интереси, туку само бизнисот со кои се богатат нивните челници.

Потоа има случаеви кога гласот на еден пратеник ја достигнува цената од милион евра, та затоа немојте да им верувате на некои што”бранат” начела и етнички права тогаш кога проработува куповно-продажниот пазар на пратеници, а каде што тие ја дигаат цената во зависност од понудата и побарувачката.

Што се однесува до купувањето на пратенички гласови, се знае дека на нашите партии, како на пример на ДУИ и СДСМ, им недостасуваат многу нешта, но не и пари. Та затоа, можно е вечерва да дознаеме која од нив ја отворила вреќата, и кои се нашите “најпринципиелни” пратеници.