Загубив 40 килограми и го променив изгледот до таа мера што морав да ги сменам и личните документи, вели Кенан Мандра, автор на протоколот за липосукциска исхрана.

Приказната почнала пред десет години, на југот на Италија, кога Кенан Мандра и членовите на компанијата „International Health“ ја истражувале исхраната на жителите на селото Пjопи, Салерно, кое е признаено од страна на УНЕСКО како дом на медитеранската исхрана и како најздраво село во светот.

– Жителите на Пјопи познати се по тоа што живеат повеќе од 100 години, па се насочивме токму на намирниците кои тие ги користат. Предвид ги земавме сите препораки и стандарди за нутритивните и енергетски потреби на организмот препорачани од Европската агенција за сигурност на храната, а во протоколот вклучивме природни помошни средства за слабеење, како што се аминокиселините и диетните влакна од билката конџак глукоманан, чија ефикасност е одобрена од Европската агенција за сигурност на храната, објаснува Мандра.

Самиот Мандра одлучил да го испроба на себе протоколот и се случило чудо. За нешто повеќе од два месеца неговите 40 килограми вишок, исчезнале. Тоа бил екстремен експеримент, но ризикот се исплател. Лекарските наоди биле одлични, а што е најважно, килограмите не се вратиле. Поради големата трансформација имал „проблеми“ на државните граници. Бидејќи често патувал, имал расправии на границите, го задржувале за да проверат дали е истата личност – во автомобилот и на пасошот. По објаснувањата и доказите од фотографиите на мобилниот телефон, сѐ се претворало во воодушевување.

пред и потоа

– Кога почнав да проучувам зошто телото складира масти како извор на резервна енергија, а не шеќери, тогаш сфатив дека мастите, особено холестеролот, се нашата есенцијална природна храна без која не можеме. А, бидејќи не консумираме доволно од нив, телото е присилено постојано да ги произведува, па доаѓа до дебелеење – додава нутриционистот Мандра.

Конкретен пример што треба да се следи е лебот и житарките да се заменат со зеленчук, со додавање на маслиново масло. Темелот на исхраната треба да биде зеленчукот, протеините (месото, јајцата), но и полномасните сирења. Мандра нагласува дека најпосакувана е природната храна, во изворна форма, но и преработената на традиционален, а не на индустриски начин.

– Од исхраната мора да ги исфрлите шеќерите, вклучувајќи ги и овошните, житарките, производите од житарки, индустриските билни масла, маргаринот и сојата. Ако храната е ваш лек, тогаш тоа нека биде маслиновото масло, путерот, јајцата, полномасните сирења, кефирот, домашните сувомеснати производи, месото, особено јагнешкото и рибата.

Со придржување до зададените намирници и до протоколот на исхрана, се препорачува и консумирање додатоци во исхраната, кои се сто проценти природни.

– Третманот се состои од комбинација на помошни средства за слабеење – аминокиселини и растителни влакна (LIPO alpha и LIPO beta) и медитеранска исхрана. Конџак-глукомананот е препознаен и признаен од Европската агенција за сигурност на храната како состојка која значително помага во слабеењето и во контролата на холестеролот. Состојката е одобрена и од Амриканската државна агенција за храна и лекови. Аминокиселините се есенцијални хранливи материи, кои се веќе присутни во храната што ја јадеме (месо, јајца, риба и друго), а кај липосукциската исхрана тие се користат природни, на пример, од млечна сурутка – појаснува Мандра.

Во пракса се покажало дека со еден третман од две недели се губи 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина. Тоа што е ново и револуционерно е дека протоколот не поддржува стереотипи и насоки стари неколку децении, туку се води според нови насоки за енергетска и нутритивна потреба на организмот, како и според новите идеи како да се пристапи на проблемот со прекумерна тежина. Во текот на протоколот за липосукциска исхрана, не се менуваат биохемиските параметри на организмот, туку се користи природниот метаболизам за да се активираат масните резерви од организмот и да се искористат како извор на енергија.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.