Опозициските партии го обвинуваат лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби дека го штитат поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ вели дека Зелените, за кои велат дека станале лажен параван за членство во ЕУ и криминална банда, наскоро ќе одговараат.

„Тие ќе треба да им објаснат на граѓаните, на Македонците, на Албанците и на другите зошто во судовите и во Обвинителството не владее законот, туку партиските наредби. Зошто беше опожарена модуларната болница во Тетово, заедно со животите на невини луѓе. Зошто се случија „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“ каде што луѓето ги загубија животите поради систем кој не функционира. Зошто студентите сè уште немаат книги и не знаат дали ќе добијат сертификати? Зошто се урива здравјето и луѓето умираат во ходниците на болниците итн. Нека продолжат Али Ахмети и Артан Груби да го бранат „поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на Мицкоски, само кукавиците се кријат зад демагогија, а изборите ја докажуваат реалноста, потсетувајќи ги Ахмети, Груби и ДУИ на неодамнешните локални избори во Тетово и Гостивар. Истите обвинувања ДУИ ги доби и од лидерот на Движењето БЕСА, Биљал Касами, кој вели дека Артан Груби сака да го врати Никола Груевски и да соработува со него.

„Го слушнавте како вели дека Никола Груевски има повисок рејтинг од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Како што се испостави, Артан Груби сонува за успешна соработка во корупцијата со Никола Груевски, про-српски и про-руски политичар чии последици ги видовме за 10 години владеење“, рече Биљал Касами, Движење БЕСА.

Овие опозициски коментари следувата откако Груби потенцираше дека поранешниот премиер Никола Груевски има повисок рејтинг на анкетите и од актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски.