Норвешкиот шаховски велемајстор Магнус Карлсен за норвешкиот ТВ-2 канал изјави дека на руските шахисти треба да им се забрани да се натпреваруваат на меѓународни турнири.

Оваа него изјава предизвика полемики во шаховските кулоари, но јавноста во Норвешка ја поддржа идејата на 32-годишниот Карлсен.

„Секој ден станува се почудно да се игра против Русите, со оглед на тоа што непријателствата продолжуваат. Порано верував дека треба добро да размислите пред да донесете одлука за суспендирање на спортистите, особено кога не знаете какви ќе бидат долгорочните последици од конфликтот“, рече Карлсен.

Најдобриот светски шахист сега нема никаква дилема и затоа јавно излезе со свој став.

„Како што сето ова продолжува, станувам убеден дека Русите не треба да играат, но не сум јас тој кој ги носи одлуките,“ изјави норвежанецот.

Карлсен е петкратен светски шампион, а рејтингот на ФИДЕ му е 2.852. Веднаш зад него е русинот Јан Непомњашчиќ со 2.793 поени./Gol.mk/

Прикажи повеќе