Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, не негира дека неговиот тим се наоѓа во тежок период и самиот е виновен за поразот од Барселона со 3-1 во финалето на шпанскиот Суперкуп. Тимот пред една недела загуби и од Вилјареал во Примера со 1-2, поради што веќе не е на првото место.

„Направивме многу грешки во одбраната и едноставно му ја подаривме победата на противникот. Првите два гола беа недозволиви“, изјави Анчелоти по средбата во Ријад.

„Се наоѓаме во тешка фаза, но мора да работиме на исправање на грешките. Ќе се вратиме!“, вети Анчелоти.

„Пред тоа, сепак, потребно е да не примаме такви голови и да играме тимски. Ги загубивме речиси сите дуели. Треба да можеме да го проголтаме она што се случи и да излеземе сигурни на следниот натпревар. Барселона е силен тим и стекна самодоверба. Во секое финале ваквите грешки се казнуваат“, заврши Анчелоти./Makfudbal.mk/

Прикажи повеќе