„Престанете со омразата, ние сме еден народ“. Ова е најновата порака од бугарскиот вицепремиер, Каракачанов до С. Македонија. Според Каракачанов, наивно е да се очекува промена на позицијата на Бугарија по изборите на пролет или евентуален притисок од американската администрација на Џо Бајден.

„Не се надевајте, како што вели бугарскиот народ од двете страни на границата, од оваа страна на Осогово и од друга страна. Завршете ја работата, спроведете го Договорот за добрососедство и работата ќе тече! Престанете да ги едуцирате младите со говор на омраза кон Бугарите, затоа што ние сме еден народ. Едуцирањето на едната страна да ја мрази другата е целосно нелогично, непродуктивно и нема да доведе до ЕУ“, рече Каракачанов.

– Advertisement –

Но, ден претходно, иако не за прв пат, премиерот Заев рече дека македонскиот идентитет не е ниту оспоруван, ниту за него се преговара.

Скопје и Софија разменија акциони планови во рамките на подготовките за меѓувладината конференција, но датумот на состанокот сè уште не е утврден. Иако целосната содржина на акционите планови не е објавена во јавноста, официјални лица од Скопје и Софија признаа дека во бугарската верзија се наведува дека македонскиот идентитет има бугарско потекло.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе