За „шокантната вест“ и трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ, зборуваше и Оливер Кан, легендарниот голман кој сега ја држи позицијата еден од водечките луѓе на Баерн Минхен, поточно претседателот на клубот.

Меси денеска пристигна во Париз и веќе е најавен како звучно засилување за францускиот вицешампион, а се очекува утре да потпише договор до 2024 година, кога парижаните официјално ќе го претстават на прес-конференција.

Многумина беа изненадени од веста за заминувањето на Меси од Барселона, но и од неговиот избор за нов клуб. Многумина се прашуваат, самиот Кан се прашува, како ќе изгледа сето тоа кога ПСЖ има толку добри играчи во еден тим (Нејмар, Меси, Икарди, Ди Марија, Мбапе, Вајналдум, Рамос, Донарума, итн …).

“Прашањето е дали ќе успее? Дали навистина мислите дека ќе успее? Дали сите овие играчи ќе можат да се усогласат еден со друг? Ќе биде многу возбудливо”, рече претседателот Баерн во интервју за Кикер.

“Ќе мора да почекаме и да видиме дали ќе успее да се создаде тим. Дали се ќе се вклопи”, додаде Кан, мислејќи на италијанската репрезентација на ЕП 2020.

“Може да видите еден бенд таму. Тие се добар пример. Имаат неколку големи имиња, но од првиот натпревар покажаа дека сакаат да бидат успешни како еден”, нагласи Кан.

Баерн извесно време се споменуваше како можна нова дестинација на Меси, но од Минхен набрзо ја демантираа веста.