Професорот Гордан Калајџиев во емисијата 24 анализа рече дека кога сме мислиле дека има нешто скандалозно, има нови настани во една циркузијада.
„За мене не беше скандал со Судскиот совет, туку со обвинителскиот совет каде сакаат Ленче да ја запалат како вештерка зошто ги критикувала. И не е прв пат овој совет да прозива критичари. Тој тип на работа и размислување е навистина застрашувачки.
Би било добро да се размислува кои се причините за дисфункционалноста на меѓучовечките односи. Дел од проблемот е самата претседателка. И сегашната и претходната претседателка згрешиле зошто се лесна мета иако имале најдобра намера. Не можеш да донесеш анонимус за претседател на Судски совет“, рече Калајџиев.