Каква магична вечер на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Тие и нивниот Динамо Загреб славеа со 3:0 против Тотенхем и го еломинираа во Лига Европа. Победата е уште поголема ако се знае дека на првиот меч загубија со 2:0. Сепак на реваншот фантастичен Орсиќ. Најнапред со два гола во регуларните 90 минути ја анулираше негативата од два гола, а потоа се замина на продолженија. Во дополнителното време со уште еден гол го шокираше Тотенхем. Динамо Загреб оди понатаму, Тотенхем е елиминиран, а се чини дека Мурињо повеќе не е “Специјалниот”. Впрочем такви пораки испратија навивачите на Тотенхем по елиминацијата.