Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, можеби нема многу ѕвезди, но успеа да направи компактен тим. Пред неколку дена одиграа 1:1 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед во првиот меч од осминафиналето од ЛЕ.

На новинарско прашање како се мотивираат, младата ѕвезда Сандро Тонали вели дека тајната е во фотографијата која е во соблекувалната.

Станува збор за заедничка фотографија направена по мечот со португалски Рио Аве, кого со многу мака, по изведувањето на пеналите го елиминираа од Лига Европа. По 120 минути игра резултатот беше 2:2, а потоа Милан победи по 12 серии пенали.

-Често ја гледам фотографијата кога сите бевме едно и на тој студ и дожд го исфрливме Рио Аве на пенали. Ја испринтавме таа фоторафија и ја ставивме во соблекувалната, вели Тонали.