Американскиот глумец Том Хенкс ќе ја води 90-минутната специјална емисија која истовремено ќе се прикажува на сите поголеми американски телевизиски мрежи, вечерта по свеченото преземање на должноста на Џо Бајден, со учество на музички ѕвезди меѓу кои се Џон Бон Џови, Деми Лоавато и Џастин Тимберлејк, пишуваат американските медиуми.

Специјалната емисија „Celebrating America“ која ќе се прикажува во среда на 20 јануари во 18 часот по македонсо време ќе ја пренесуваат ABC, CBS, NBC, CNN и MSNBC, како и Јутјуб каналот на инаугурацискиот одбор.

Во програмата ќе се оддаде почит на јунаците кои се истакнаа изминатата година обележена со пандемијата на коронавирусот.

Овој пат во програмата која ја подготвил Одборот за претседателската инаугурација не се предвидени свечености кои обично следат по положувањето заклетва, а оваа година се откажани поради коронавирусот.

Инаугурацијата ќе ја надгледуваат 15.000 припадници од националната гарда.

Во 2009 година на првата инаугурација na Барак Обама пееше Арета Френклин, а настапија и Брус Спрингстин, „Ју ту“, Шакира и Стиви Вондер.

На неговата втора инаугурација честа да ја испее националната химна ѝ припадна на Бијонсе.

Во 2017 година Трамп мораше да се задоволи со помалку звулни имиња бидејќи не беше омилен во светот на забавата.