Веројатно најголемиот успех на овогодинешното доделување на познатите музички награди „Brit Awards“ може да го постигне 25-годишната пејачка Дуа Липа, која во моментов може да се пофали со најмногу номинации.

Нејзиниот последен албум „Future Nostalgia“ ѝ ги обезбеди најпрестижните номинации, вклучувајќи ја и онаа за албум на годината на овие музички награди.

Малкумина можеа да го предвидат блескавиот успех на Дуа Липа, особено сега додека беснее глобалната пандемија со која живееме повеќе од една година, поради што повеќето музичари се во „криза“, но се чини дека ова сценарио не важи за 25-годишниот ѕвезда.

Како што откри и самата, нејзината дискографска куќа стравувала од неуспех поради што сериозно размислувале за одложување на нејзиниот нов албум, но, за среќа, тие не ја донеле таа одлука.

Би лажела ако кажам дека се помирив со тоа „што ќе биде, нека биде“. Бев исплашена и несигурна. Го издадов албумот во време кога се одвиваше правиот карантин во Велика Британија, што ја направи целата ситуација уште понеизвесна. Не знаевме колку ќе трае сето тоа, некои велеа дека ќе трае две недели, некои шест месеци, а јас немав идеја. Причината зошто не сакав да се откажам од сè е затоа што го снимив албумот како форма на бегство, за да избегам од каков било притисок или злобни коментари“, рече Дуа Липа.

Иако првата недела по објавувањето на албумот била навистина неизвесна и стресна за пејачката и нејзиниот тим, наскоро сè се смени, а песните брзо го зазедоа првото место на светските топ листи, исто како и самиот албум.

Овојпат ризикот се исплатил, иако повеќето нејзини колеги, вклучително и познатата Адел, не се осмелија да го направат тој чекор, па решија да го одложат објавувањето на албумот.

Според извештаите на британските медиуми, сето ова резултирало со тоа нејзината компанија „Dua Lipa Limited“ да ги зголеми своите профити за неверојатни 8 милиони фунти во последната година, со што нејзиното богатство достигнало 18,5 милиони фунти.

Заработката сигурно би била уште поголема доколку немаше ограничувања и таа направеше една турнеја, но поради целата ситуација со коронавирусите, тоа не се случи.

Добра тактика и одлична музика – нешто што е секогаш потребно за успех, а за кое нема рецепт, на крајот ѝ ги донесе најпрестижните номинации и награди, но и дружењето со најпознатите лица на денешницата.

Дуа Липа е во врска со моделот Анвар Хадид, брат на познатите супермодели Џиџи и Бела Хадид, а на списокот на нејзини пријатели се и Крис Мартин, Тејлор Свифт, Кети Пери…

Сето ова е навистина голем успех за девојката со потекло од Косово, родена во 1995 година во Лондон. На 11-годишна возраст, таа се вратила во Приштина со своето семејство, но нејзиниот неверојатен талент и музички амбиции ги принудиле нејзините родители четири години подоцна да ја пуштат да ги следи своите соништа и Дуа Липа се вратила во Лондон.

15-годишната девојка живеела со семејни пријатели и заработувала како келнерка и касиерка во ноќни клубови во Лондон… Веројатно првиот значен пресврт ѝ се случил кога случајно ја откриле модни агенти и ѝ понудиле соработка со „TopShop“ и „Аsos“.

За време на краткото појавување во реклама за „The X Factor“, таа се запознала со музичкиот продуцент, но и со менаџерскиот тим со кој и денес соработува.

Нејзиниот прв комерцијален успех се случи во 2015 година со синглот „Be The One“, во време кога сè уште била келнерка во ресторан во Лондон. Две години подоцна, синглот „New Rules“, од нејзиниот деби албум, стана нејзин прв број 1 хит, а останатото е историја…