Во Индија се регистрираат стотици илјади нови случаи на коронавирус секој ден, а властите се соочуваат со ужасни проблеми. Нема повеќе кислород во болниците и нема повеќе места за чување тела во мртовечници.

Се проценува дека едно лице од Ковид-19 умира во Делхи на секои четири минути, а работниците веќе не можат да ги кремираат остатоците.

Чарнајев работи во крематориумот со децении, но последните недели не може да застане од работа. Тој вели дека никогаш не доживеал вакво нешто.

– Никогаш не сум видел нешто толку ужасно. Само не верувам дека сум во Делхи, главниот град на Индија. Луѓето не добиваат кислород, тие умираат како животни – тврди Чернаев.

Тој вели дека немаат доволно ресурси потребни за да кремираат некого.

Луѓето кои работат во болници се распарчени. Многумина се борат за животот на заразените, а во исто време мораат своите најблиски кои починале од кoроната да ги испратат на вечно почивање. Една од нив е Шиванги, која додека чекаше да биде кремиран нејзиниот дедо, постојано го држи телефонот во раце и ги повикува сите живи за да обезбеди кислород за болницата во која работи.

– Ова е ужасно. Не разбирам што прави оваа влада, ова е катастрофа. Веќе не можете да живеете во Делхи. Не можете веќе да умирате овде како личност – вели таа за Би-Би-Си.

Шиванги тврди дека нејзиниот дедо починал токму поради недостаток на кислород.

Нејзините колеги се очајни, велат тие повеќе не знаат што да прават.

– Понекогаш плачеме од мака, бидејќи веќе не знаеме што да правиме. Не сме во можност да им помагаме на пациентите – велат лекарите.

Да потсетиме, болниците низ цела Индија се полни со дупки, а овој пат креветите се претежно зафатени од млади луѓе; дури 65 проценти од хоспитализираните се на возраст под 40 години.