Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години ги доби ривалите на Светското првенство (СП) кое оваа година ќе се игра во Хрватска.

Нашиот национален тим предводен од селекторот Раде Стојановиќ се падна во групата Ф каде ќе игра со европските селекции Норвешка и Црна Гора, додека третата репрезентација е аутсајдер со оглед на тоа што се работи за победникот на ИХФ Трофејот.

Десеттото СП за ракометари до 19 години ќе се игра во четири градови, тоа се Вараждин, Копривница, Ријека и Опатија. Завршницата за медали е во Вараждин. Настанот ќе се игра од 2 до 13 август./Gol.mk/

FOTO: Sport 1.mk

Прикажи повеќе