Екипата на ПСЖ го суспендира Лионел Меси затоа што Аргентинецот замина во Саудиска Арабија на одмор без дозвола и нема да биде две недели на теренот.

Тренерот на францускиот тим ги укина двата слободни дена за играчите по поразот од Лориен, но Меси не го испочитува тоа и замина во Саудиска Арабија. Клубот веднаш реагира и му изрече санкција. Еден од најдобрите играчи на сите времиња е суспендиран две седмици. Затоа ќе добие и финансиски пенал. Казната ќе го чини 1,6 милиони евра, затоа што изречена му е санкција да не добива плата додека е суспендиран.

Меси останува без договор на крајот од сезоната со ПСЖ, а овој инцидент сигурно ќе ги зголеми шансите за негово заминување. Најреална опција е Барселона, но во игра се МЛС, Саудиска Арабија./Gol.mk

Прикажи повеќе