Никола Јокиќ е на прав пат да стане најкорисен играч во регуларниот дел од НБА-сезоната.

Јокиќ одигра одличен натпревар против Чикаго Булс. Денвер Нагетс славеше со 131-127 по продолженијата.

Српскиот кошаркар постигна 34 поени и 15 скока, а недостасуваше и една асистенција за трипл-дабл учинок.

Одлична вечер имаше и Лука Дончиќ, но одличната партија на Словенецот не беше доволна за Далас Маверикс за триумф против Портланд Трејл Блејзерс.

Блејзерси играат одлично од враќањето на Си еј Меколум и забележаа триумф од 123:114. Дончиќ постигна 38 поени, а Меколум 32 и Дамијан Лилард 31 за победничкиот тим.

На крилата на Арон Гордон со 38 поени, Оралдо Меџик го победи Бруклин Нетс со 121:113, на што не му помогнаа ниту 43-те поени на Кајри Ирвинг.

Резултати од НБА-лигата:

Портланд – Далас 125:119
Орландо – Бруклин 121:113
Феникс – Минесота 113:101
Денвер – Чикаго 131:127 (п)
Мемфис – Голден Стејт 103:116
Хјустон – Детроит 100:113
Торонто – Јута 112:115
Мајами – Индијана 110 :137
Бостон – Сакраменто 96:107
Кливленд – Сан Антонио 110:116