Фекалии пливаат во Охридското езеро, затоа што крајбрежјето не е целосно покриено со Колекторскиот систем, канализациониот систем изграден прд 10 години каде што се приклучени дел  хотлите  не е во функција, некои туристички населби и населени места посебно во Струшкото крајбрежје имаат септички јами кои понираат или се празнат во езерото. Колективни згради  и приватни куќи  ја приклучуваат фекалната канализација на атмосферската која директно се оди  во езерото, а одредени приватни куќи фекалните води ги испуштаат во реките кои се влеваат во Охридското езеро. Ова се дел од наводите во извештајот на Институтот за јавно здравје за квалитетот на површинските води, од каде велат дека сосотјбата е иста со години и споро се менува.

  • Проблемот со дивите приклучоци е детектиран веќе со години, потоа проблемот со капацитетите и можностите на пречистителната станица, како и третата група на проблеми кои покажуваат на делот кој не е приклучен на колекторксиот систем, или колекторските системи не функционираат, како и станиците за прочистување на отпадните води на некои хотели кои не функционираат, вели Доц. Д-р Мирјан Димовска, која е дел од тимот на изработувачи на студијата на ИЈЗ. 

И покрај ваквата состојба, и  катастрофалното и неодговорно однесување кон едно од најстарите и најубави езера во светот,   површинските води од Охридското Езеро на плажите  се во прва и втора класа, и можат да се користат за капење и рекреација . Според Институтот ова се должи  големиот број  извори, постојаното струење на вода, големата водена маса  која има  способност за самопречистување.  Охридскиот градоначалник пак уверува дека најголемиот дел од објектите на Охридското крајбржје се приклучени на колекторскиот систем, не функционираат само неколку точки  и нема причина за загриженост затоа што водата во Охридското езеро е целосно безбедна.

  • Најголемиот дел од територија на општина Охрид кој е покриен со Колекторскиот систем функционира, и истото го покажуваат испитувањата на ИЈЗ, од пред почетокот на туристичката сезона, освен на неколку точки кои не се поктиени. Во текот на минатата и оваа година веќе се добиени средства за изработка на проекти, а за Љубаништа ќе биде нарачан проект уште во октомври, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. 

За подобрување на состојбата од Институтот ја јавно здравје предлагаат целосна изградба и поврзување на колекторскиот систем, како и негова поправка на места каде има дефекти.   Да се откријат домаќинствата кои фекалните и другите отпадни води ги исфрлаат директно во речните корита и истите да се приклучат на канализационен систем. Министерство за животна  средина деновиве објавија дека министерката Шукова потпиша догвор со шпанска компанија за неповратно финансирање на консултанстки услуги за реконструкција на Колекторскиот систем во Охрид.

Превземено од Телма