Светската економија следната година ќе претрпи потежок удар отколку што претходно се предвидуваше поради последиците од руската војна во Украина, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во алармантен извештај со наслов „Плаќање на цената на војната“, организацијата со седиште во Париз посочува дека конфликтот ги зголемил инфлаторните притисоци додека трошоците за живот веќе рапидно се зголемуваат.

„Епидемијата на ковид сè уште е товар за глобалната економија, а растот е погоден и од зголемените каматни стапки додека централните банки се борат да ги зауздаат ​​галопирачките цени. Повеќето индикатори се влошија, а изгледите за глобалниот раст се песимистички. Во вториот квартал од оваа година, глобалниот раст забави, а податоците во многу економии сега укажуваат на продолжен период на слаб раст“, се вели во извештајот.

Организацијата ја намали прогнозата за глобалниот економски раст во 2023 година на 2,2 отсто, што е намалување од 2,8 отсто во однос на претходната проценка во јуни.

Прикажи повеќе