Млад Палестинец е убиен денеска во напад на израелската армија во Џенин, на северот од окупираниот Западен Брег, соопштија палестински извори.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека рано утринава е убиен Рафик Ријад Ганем од Џенин.

Новинската агенција Вафа објави дека убиениот Ганем имал 20 години.