Израелскиот парламент усвои закон со кој се наложува носење на електронска ракавица за сите кои влегуваат во земјата и се наоѓаат во карантин поради коронавирусот. Според законот, лицата кои се пратени во домашен карантин, мора да носат ракавици за следење, како би се обезбедило почитување на прописите, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Доколку лицето одбие да носи електронска ракавица, тогаш домашниот карантин ќе биде заменет со престој во државен хотел.

– Advertisement –

Спорниот закон е усвоен во Кнесетот со четири гласа „за“ и еден „против“, бидејќи гласаа само пет пратеници од вкупно 120 колку што брои израелскиот парламент.

Со законот, според критичарите, се крши приватноста на поединецот. Истовремено, Врховниот суд укина ограничувања за влез и излез од земјата со образложение дека се незаконски.

Прикажи повеќе