Џејмс Харден не престанува да и создава главоболки на својата екипа Хјустон рокетс.

„Ракетите“ не му ја исполнија желбата на Харден да биде разменет, не поради тоа што не сакаат туку заинтересираните клубови не можат да одговорат на барањата на Хјустон кој очекува да добие квалитетни играчи во замена за еден од најдобрите кошаркари на денешницата и најдобар стрелец во НБА лигата.

Харден незадоволен од развојот на состојбите на почетокот од подготовките наместо на тренинг со соиграчите, тој се забавуваше во стриптиз клуб во Атланта и сега тоа може да му се одбие од глава.

ВИДЕО: „Ракетите“ ги започнаа подготовките, Харден ужива во стриптиз клуб

Хјустон рокетс објави дека соработува со НБА лигата за да се прегледа снимката од Харден во стриптиз клубот и доколку се потврди дека видеото од неодамна, тоа би значело кршење на здравствените протоколи од НБА поврзани со коронавирусот и Харден може да го пропушти првиот натпревар за Хјустон во новата сезона.
Според новинарот на ЕСПН, Тим Меккахон, Харден може да заработи суспензија од неколку натпревари додека со казна се соочува и неговиот клуб.

Харден сака да си оди од Хјустон по секоја цена, се искара и со соиграчите